Координацијата на лидерите трае повеќе од четири часа, не се соопштуваат позициите

27 јануари, 2018 | 23:08 часот | 458 прикажувања |

Координативната средба на државно-политичкиот врв на Република Македонија која се одржува во Клубот на пратеници трае повеќе од четири часа. Лидерите на средбата ги разгледуваат последните предлози на медијаторот во спорот, Метју Нимиц.

Засега нема официјални информации за ставовите и позициите на клучните политички актери во земјава околу можниот консензус и компромисно решение за прашањето со името.

На состанокот учествуваат претседателот Ѓорге Иванов кој е придружуван од негови советници, премиерот Зоран Заев, заедно со министрите Никола Димитров и Радмила Шеќеринска, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој дојде со потпретседателите на партијата: Александар Николоски и Владо Мисајловски, а присутен е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети со двајца соработници.

Медијаторот Нимиц во понеделник и вторник ќе ја посети Атина, додека во среда и четврток доаѓа во Скопје, кога ги очекува и одговорите на двете страни за неговиот пакет предлози.