Апелација ја одби жалбата на напаѓачот на Шекеринска

27 јануари, 2018 | 21:35 часот | 559 прикажувања |

Апелациониот суд ја одби жалбата на Панче Ангелов, осуден на четири години затвор затоа што ја нападна тогашната пратеничка, Радмила Шекеринска, при насилството во Собранието на 27-ми наприл минатата година.

Ангелов бараше Апелација да му ја преиначи затворската казна во условна. Со тоа е потврдена пресудата која ја изрече Кривичниот суд.