ВМРО-ДПМНЕ подготви 35.000 амандмани за спречување на Законот за употреба на јазиците

27 јануари, 2018 | 16:53 часот | 1.102 прикажувања |

Со дури 35.000 амандмани, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да го спречи донесувањето на контроверзниот Закон за употреба на јазиците.

Службите на Собранието работат со полна пареа, а дел од опозициските пратеници се во собраниската архива каде на лице место ги потпишуваат амандманите, пренесе ТВ 24.

Од Собранието велат дека се подготвени да ги сработат забелешките на опозицијата и навремено да ги достават до сите пратенички групи, во пресрет на седницата закажана за во понеделник на која е ставен повторно на дневен ред Законот за употреба на јазиците откако претседателот Иванов стави вето.

Според процедурата, секој амандман може да се образложи три минути. Мнозинството најавува дека ќе се групираат, но и дека ќе бараат начин да ја ограничат процедурата.