„Деспасито“ освои најмногу Латино Греми награди

17 ноември, 2017 | 10:22 часот | 269 прикажувања |

Мегапопуларниот хит „Деспасито” („Despacito) на Порториканците Луис Фонси и Деди Јенки освои најмногу Латино Греми награди на 18-то доделување кое синоќа се одржа во Лас Вегас.

Песната победи во категориите: пeснa на годината, најдобро видео, запис на годината и најдобра урбана комбинирана изведба (заснована на мотиви од секојдневието, со примеси на конвенционални жанрови).

Алехандро Санс е прогласен за личност на годината, а таа награда ја посвети на младите имигранти, кои во САД дошле илегално и се познати како „сонувачи”. Санс, покрај тоа, во свечениот говор ги спомена и погодените од природните непогоди во Порто Рико, Тексас, Мексико, Флорида, Доминиканската Република…

Порториканскиот рапер Ресиденте доби награда за најдобар урбан албум – за компилацијата што го носи неговото име, и за најдобра урбана песна – за „Somos Anormales” (Не сме нормални).