И Австријците учествувале во злосторствата од Холокаустот, рече канцеларот Курц

27 јануари, 2018 | 16:10 часот | 501 прикажувања |

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, по повод Денот на сеќавањето на жртвите на Холокаустот, истакна денеска дека Австријците биле злосторници и учествувале во страшните злосторства, па подвлече дека борбата против антисемитизмот е приоритет на владата.

Тој, во соопштение, укажа на посебната историска одговорност, за која е свесна новата влада, посебно во годината на сеќање.

„Овој ден не потсетува колку е важно никогаш да не ги заборавиме тие злосторства. Со сеќавањето на бројните жртви на нацистичките расистички злосторства мора да ги подвлечеме вистинските последици по денешницната и иднината, како и да се соочиме искрено со својата историја“, побара Курц.

Таа одговорност, како што нагласува, ја имаат посебно младите генерации.

„Во нашето општество не смее да има место за антисемитизмот, расизмот и сеењето омраза. Поради тоа е важно на таквите тенденции да им се спротивставиме поодлучно од кога и да е“, апелираше Курц.