Поважно ни е да се сликаме со шопска салата, отколку ситуацијата во Македонија

26 јануари, 2018 | 21:28 часот | 4.041 прикажувања |

Како што течи времето станува се појасно што се дешава во Македонија. Јас никогаш не сум бил баш политички определен. Ни за ДПМНЕ ни за СДС, сите знаеме дека политиката кај нас е само еден алат на политичарите да се збогатат. Како што си тече времето јасно е дека сите политички партии се под некоја варијанта соучесници на прогонот и продавањето на се што е македонско, со СДС на чело.

Причината што го пишувам овој пост е следното: не можам да се изначудам на тоталното негирање во сегашната состојба на Македонија од помладите луѓе кои воопшто не ги интересира нивната иднина. Во овој момент се крои падот на Македонија, а на помладите повеќе ги интересира да се сликаат со некоја си салата во хотел „Тино“ или направила чек-ин што отишле до Ложани…големите м*** што сте напрајле (се извинувам за моите француски изрази).

На ниту еден профил на НИТУ ЕДЕН ПОМЛАД ПРИЈАТЕЛ што имам на фејсбук немам видено никаков пост ни загриженост за моменталната ситуација дома во Македонија. Треба да се засрамат сите и да размислат дали е поважно да се сликаат со шопска салата (верувајте ми никого не го заболе „стојко“ што сте јаделе во 13:30 денес) или активно изразување и знак дека НИЕ НЕ СМЕ ЗАДОВОЛНИ со ова што се дешава со работењето на Владата на РМ.

Сега знам некои ќе го читаат ова и ќе речат дека мене ме заболе и јас си живеам во странство. Кога ќе дојде време, ќе си појдам на работа, ќе си соберам пари на таа елката таму кај што растат и ќе се расфрлам со полни џебови пари на лето кај нас. Вистината е од овој муабет ми е до тука дојдено па мора да се изјасни нешто. Јас, како и други сум заминал од Македонија кога сум имал 10 години, јас сум плачел бидејќи не е лесно само да се оди во друга држава и да се остави се зад себе.

И знаете што, тие што се во „дијаспората“ знаат колку е тешко за едно дете Македонче да порасни во друга држава и стално да се брани и докажува дека е горд бидејќи е Македонец. Јас и мои македонски другари се имаме тепано, биено и дури сме влегле во големи проблеми со полицијата БИДЕЈЌИ СМЕ МАКЕДОНЦИ.

Сме биле дискриминирани бидејќи „нашите претци не се бореле за USA“. Јас сум горд што сум Македонец и никој влечко не може да ми кажи дека тоа не е точно и дека ние во дијаспората не ни е гајле по што сме „полни“ со пари. Верувајте, сите се жалат немаат пари, а се нонстоп излезени и имаат поскап телефон од мене, па сега размислете што сакам да кажам. Уште еднаш, апелирам до сите млади Македонци, ако ве има станете на нозе и излезете од кафана и кладилница, по што душманот е пред врата…

(фејсбук статус на Дамјан Дуклески)