За Дурловски домашен притвор, за Пешевска мерки за претпазливост

26 јануари, 2018 | 16:59 часот | 667 прикажувања |

Мерката притвор на Игор Дурловски Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 одлучи да му ја замени со мерка куќен притвор, додека на пратеничката Жаклина Пешевска мерката куќен притвор ѝ се заменува со мерки за претпазливост.

Освен Дурловски од притвор во домашен притвор се ослободува и вработената во Собранието Елена Доцевска – Божиновска.

За останатите обвинети судот одлучи да им ги продолжи предвидените мерки притвор и куќен притвор.

„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал за продолжување на мерки за обезбедување присуство против 35 лица поврзани со настаните од 27 април 2017 година кои се случија во Собранието на Р.М. за кривичното дело од член 313 од КЗ, донесе решенија со кои го прифати предлогот на обвинителството и на:

К.М., С.В., Љ.А.,М.Ч.,Д.Л.,Г.Ѓ.,О.П.,О.Р.,М.П.,А.А.,И.Ц.,Б.Д.,Б.И.,В.Ј.,М.П.,З.С.,Ј.Ч.,И.С.,Г.А.,В.Т., и В.М., им ја продолжи мерката притвор во траење од 30 дена;

на Љ.Д.,Ј.Т.,С.М., С.М., и М.М. им ја продолжи мерката куќен притвор“ се вели во соопштението на Судот.