
Игор Дурловски од притвор да биде преместен во куќен притвор, а пратеничката Жаклина Пешевска да биде пуштена од куќен притвор и за неа да се одредат други мерки за обезбедување.
Ова го побара Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави барање за продолжување на мерките за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка за триесет и петмината осомничени за настаните што се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија.