
Загрижува фактот што владеењето на правото и правната држава се девалвирани откако СДСМ ја презеде власта. Демократијата е загрозена, а Република Македонија стана единствена држава во Европа која врши политички прогон и затворите ги полни со политички неистомисленици.
Судството без реално правно образложение одобри притвори на луѓе за кои нема правна аргументација да бидат во притвор. Апсурдот е уште поголем, па сите тие се наоѓаат во притвор заради монтиран случај.
Лицата ставени во притвор со месеци се предмет на изживување и нехуман однос. Во постапката против нив намерно се разблекуваат истражните дејствија, од што јасно се гледа дека целиот случај е монтиран, а притворот се користи како казна за политички спротивните ставови.
Судот не смее и понатаму да биде дел од овој политички прогон. Во интерес на демократијата и владеењето на правото, судиите треба да одлучуваат по закон и Устав. Државата има потреба од институции кои ќе работат независно, само така државата ќе се придвижи кон ЕУ и НАТО. Се друго е само залажување на јавноста и спроведување тивок терор, типичен за комунистичките режими на минатиот век.