Се продава јахтата на Јосип Броз Тито

17 ноември, 2017 | 10:12 часот | 167 прикажувања |

Црногорската влада вчера на Твитер соопшти дека јахтата којашто некогаш му припаѓала на Тито, Јадранка ќе биде понудена на на јавно огласување, а почетната цена е 80.000 евра.

„Некогашната јахта на Тито, изградена во бродоградилиштето во Краљевица во 1977, е огласена, поради тоа што е одвишна за потребите на државните органи на Црна Гора“, стои во објавата на Твитер.

Претседателскиот брод со години не беше испловил од воениот дел во пристаништето во Бар.

Екипажот го сочинувале 14 членови, а на неа можело да бидат присутни најмногу 40 лица.