
Пратеникот од партијата Независни Грци и заменик претседател на грчкиот парламент, Димитрис Каменос по средбата на премиерите Ципрас и Заев не е целосно задоволен од преземените гестови на добра волја. Според него, не е доволно преименување на автопатот „Александар Велики“ во „Пријателство“.
„Тоа не значи ништо. За да се стави крај на иредентизмот потребно е смена на целиот устав на ФИРОМ“, истакна Каменос во уште еден говор со кој ја поткопува владината коалиција составена од Сириза и националистичката партија Независни Грци.
Ваквиот говор на Каменос не е изненадување бидејќи Независни Грци има очаен рејтинг и на следните избори според актуелните анкети нема шанси за добивање на пратеничко место со што им се заканува исчезнување од политичката сцена во Грција.