Почнува судењето на обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села

26 јануари, 2018 | 9:41 часот | 2.223 прикажувања |

Во Кривичниот суд денеска треба да почне судењето за напаѓачите на пратеникот Зијадин Села на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Во овој случај обвинети се: Кире и Цане Ѓорѓиевски, Саша Ценков, Коста Делов, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Стојан Павловски – Кобра, Александар Јаневски – Тошта.

Судскиот процес ќе го води судијата Славица Андреевска.

Во тек е истражна постапка и за предметот што го отвори Јавното обвинителство за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ за што се осомничени 36 лица.