Петков: Македонија има историска шанса да ги почне преговорите со ЕУ оваа година

25 јануари, 2018 | 15:19 часот | 489 прикажувања |

Бугарија ги поддржува напорите на владата на премиерот Зоран Заев, на институциите, граѓанскиот сектор и медиумите, за Македонија да се врати на патот за евроатлантските интеграции, порача денеска бугарскиот амбасадор во земјава Иван Великов Петков презентирајќи ги приоритетите на бугарското претседателство со ЕУ.

Според него, Македонија има историска шанса да ги почне преговорите со ЕУ оваа година.