Отворена предистражна постапка за затајување на данок при увоз на гориво

25 јануари, 2018 | 14:54 часот | 470 прикажувања |

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас во врска со злоупотреба и затајување на данок при увоз на дизел гориво.

Како што соопштија од обвинителството, предистражната постапка е започната поради постоење на сомнение дека се увезувала стока декларирана како нафта за домаќинство, а всушност се увезувало дизел гориво при што е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија за утврдување на фактите.​