Скопско семејство трет ден трага по својот син

25 јануари, 2018 | 14:12 часот | 1.070 прикажувања |

Семејство од Скопје бара помош, веќе трет ден го бара својот син.

Шабан Лимановски роден 2002 година исчезнал во вторникот околу 8 часот наутро во Топана. Облечен е во сина маичка и жолти тренерки.

Се работи за болно дете, доколку имате било каква информација пријавете во најблиската полициска станица.