Воскопулос: Дали Грција ќе ги промени таблите пред Меџитлија во знак на пријателство?

25 јануари, 2018 | 10:49 часот | 2.336 прикажувања |

Кога Ципрас зборува дека предуслов за пријателство е да се осудува иредентизам или слични експанзионистички политики против Грција во Република Македонија, дали има желба и став грчкиот премиер да интервенира за да ги промени таблите на грчкиот автопат 20 километри (пред Меџитлија) на сликата?

Конкретно, топонимите често можат да бидат инструмент за пропаганди-експанзионизам и тоа со „печат“ преку табли на автопати. Пат што го финансираше делумно и Европската Унија.
При овој случај Битола е официјално Монастири во Грција (дури и во книгите околу историјата се спомнува дека „за жал“ Монастири не ја ослободи грчката војска 1913 година).

Кога автопатот во Републиката ќе се прекрстува како добар потез за доверба, дали грчките служби ќе ги променат таблите како на сликата за да се поништат „желбите-апетити“ на националистите во Грција? Може искрено пријателство на дело обострано? Дали Грција и грчката влада е искрена околу „иредентизмот“ и сличните политики?

П.С. Во почетокот беше Битола на грчки и англиски, но после интервенцијата на „кругови“, власта, односно одговорните во Министерството смениле и стои до ден денес сликата десно долу 🙂

(фејсбук статус на Павлос Филипов Воскопулос)