Вучиќ оптимист за компрoмис во дијалогот со Приштина

25 јануари, 2018 | 10:26 часот | 485 прикажувања |

Српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека го поддржува дијалогот со Приштина, се надева на компромисно решение, но и дека не очекува тоа да се случи до крајот на 2018 година, пренесува Макфакс.

Вучиќ во интервју за рускиот сајт „Спутник“ во Давос, на прашањето зошто не сака да им помогне со оружје на Србите на Косово, тој вели дека многу поважно е тие да добијат училишта и поголема економска помош, односно, нешто од што ќе можат да живеат.

„Мислам дека на луѓето им е доста од сите војни, а тоа морам да признаам, не го слушаме од другата страна, но знам дека на Србите им е доста од војување. Потребен ни е период на мир и стабилност повеќе отколку било што друго“, додава Вучиќ.

Во разговорот, кој „Спутник“ го објави како ексклузивно, Вучиќ се осврна на воената соработка со Русија и рече дека уште се преговара за хеликоптерите Ми-17, но дека тоа ќе биде завршено до крајот на годината.