Мајка и четири деца изгореа во пожар во тетовската населба Поток

25 јануари, 2018 | 9:07 часот | 312 прикажувања |

Четири деца и нивната мајка загинаа во пожар во Тетово што ноќеска избувнал во нивната куќа во населбата Поток, околу 4 часот утринава, пишува Нова Македонија.

Ова се првичните неофицијални информации од тетовската пожарна.

Мајката Фатиме Зулбеари е 38 годишна а децата се на возраст од 4 до 13 години, три машки и едно женско.

Во моментот се уште трае увид на обвинителството и полицијата.