Преговори за името во Брисел на 11 и 12 декември

17 ноември, 2017 | 10:06 часот | 233 прикажувања |

Преговорите за името меѓу претставниците на Македонија и Грција ќе се одржат во Брисел, на 11 и 12 декември, соопштија од канцеларијата на медијаторот Метју Нимиц.

„Средбата е дел од напорите на Обединетите нации да им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името“, се вели во соопштението.

Дел од грчките медиуми пишуваа дека на разговорите Нимиц ќе излезе со конкретен предлог до двете страни.

Преговарачките тимови и претставникот на ОН во спорот за името, Нимиц, требаше да се сретнат на 20 и 21 декември, но средбата беше одложена за декември.