Владата на Борисов преживеа гласање доверба

25 јануари, 2018 | 10:03 часот | 491 прикажувања |

Владата на бугарскиот премиер Бојко Борисов, која моментално преседава со Европската Унија го преживеа гласањето доверба, што се случуваше по барање на опозициските социјалисти.

Опозицијата како аргумент за барањето го наведе недостатокот од напредок во борбата против корупцијата во земјата.

Во парламентот со 240 места, недоверба изгласаа 103 пратеници, додека против беа 131 пратеник.