Хан твитна: Средбата меѓу Заев и Ципрас е добра вест

25 јануари, 2018 | 9:53 часот | 452 прикажувања |

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан ја поздрави вчерашната средба на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос, оценувајќи ја како многу добра вест.

„Средбата покажува храброст, визија и државотворност. Решавањето на ова прашање кое трае премногу долго ќе биде добро за двете земји, за регионот и за Европа“, напиша Хан на Твитер.

Еврокомесарот Јоханес Хан кој учествува на Светскиот економски форум во Давос, најавено e, треба да има средба со македонскиот премиер Зоран Заев.