Ципрас: Мора да најдеме решение „ерга омнес“, процесот се приближува кон крајот

24 јануари, 2018 | 19:11 часот | 1.022 прикажувања |

„Балканот помина многу поради национализмот. Потребно е да има агенда на соработка и развој. Би правеле исчекор напред за обезбедување стабилност. Ова е позицијата на Грција, како сила на стабилност на Балканот и затоа одиме напред кон наоѓање решенија“.

Ова го истакна грчкиот премиер Алексис Ципрас по тричасовната средба со неговиот македонски колега премиерот Зоран Заев.

„Денеска знам дека многу луѓе не гледаат, некои со скептицизам некои со надеж и сакам да им покажам дека и двајцата ние сакаме да ги решиме работиме со прагматизам и одговорност. Го кажувам бидејќи не само што сакаме д го решиме спорот, туку и сакаме односите да ги поставиме на меѓусебно почитување и прво треба да се избориме против иредентизмот. Зоран ме информираше дека е подготвен да подготвен да преземе иницијативи. Од моја страна изјавувам дека ќе ги подржам иницијативите“, рече Ципрас, додавајќи дека мора да се најде решение на сите отворени прашања меѓу двете земји.

Тој изрази надеж дека преговарачкиот процес се приближува кон крајот.

„Морам да нагласам дека мораме да најдеме ерга омнес и во оваа рамка се согласуваме дека преговарачкиот процес се приближува кон крајот. Уште еднаш сакам да му се заблагодарам на премиерот“, додаде првиот човек на грчката влада.