Заев: Автопатот „Александар Македонски“ ќе го носи името „Пријателство“

24 јануари, 2018 | 19:00 часот | 9.387 прикажувања |

Владата ќе го преименува автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“, а во знак на добра волја, ќе биде сменето и името на аеродромот „Александар Велики“.

Ова е резултатот од денешната директна средба меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас, прва официјална средба на македонски и грчки премиер во последните седум години.

„Ние сме силно посветени на мерките за градење доверба и за решавање на проблемот со името. Сакаме да станеме еднакви партенери во ЕУ и сакаме меѓусебно да си помагаме и да се поддржуваме со Грција. Покажавме во минато дека може да работиме заедно во интерес на двете земји. Спорот трае веќе 25 години, редно време е да се изнајде решение, зашто од тоа зависат нашите ЕУ и НАТО интеграции. Крајното решение мора да биде профатливо за двете страни. Мора да биде во заштита на идентитетот на нашите народи. Владата ќе го промени името на автопатот во „Пријателство“. Ќе го промениме и името на аеродоромот“, рече Заев.