ВИДЕО: Почна средбата на македонскиот и грчкиот премиер во Давос

24 јануари, 2018 | 17:13 часот | 525 прикажувања |

Во тек е средбата меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, соопштија од владината прес-служба.

На средбата се очекува да бидат разгледани прашањата поврзани со процесот за решавање на спорот за името.

На средбата присуствуваат и министрите за надворешни работи на двете земји, Никос Коѕијас и Никола Димитров.

Владата објави дека двајцата премиери дополнително ќе одлучат дали по средбата ќе дадат заедничка изјава за медиумите.