ЕХФ го прогласи за дерби на 8.коло дуелот Вардар – Рајн Некар

25 октомври, 2017 | 15:44 часот | 185 прикажувања |

По петте одиграни натпревари во група А од елитното натпреварување Вардар е лидер со девет бодови, и заедно со Рајн Некар се единствени без пораз.

Ова ќе биде првпат дуел на Вардар сезонава да биде меч на колото.  Досега во групната фаза од лигата на шампионите Вардар и Рајн Некар одиграле вкупно шест натпревари. На четири триумфирал Вардар, а на два тимот од Манхајм.

Вардар пред дербито со Рајн Некар има две гостувања, едно во Шведска кај Кристијанштад (4 ноември), и потоа во Хрватска кај ППД Загреб (11 ноември).

Европскиот првак Вардар има серија од десет натпревари без пораз во ЛШ.