Девојка се бори за живот откако се фрли од зграда во Скопје

24 јануари, 2018 | 11:59 часот | 762 прикажувања |

Дваесет и четири годишната А.К. од Скопје утринава околу 3.30 часот се фрлила од прозорец од зграда во Скопје.

„Од страна на Итна медицинска помош било излезено на местото на настанот, по што А.К. во неконтактибилна состојба е пренесена и задржана на лекување во Комплект клиники “Мајка Тереза” – КАРИЛ“, информираат од МВР.

Истата е во животна опасност, со здобиени повеќе фрактури по телото.