
Кошаркарот на Кливленд Леброн Џејмс стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој постигнал 30.000 поени.
На мечот со Сан Антониот му беа потребни само 7 поени да ја достигне магичната бројка што се разбира бргу ја оствари и предизвика делириум кај навивачите кои го поздравија со овации.
Покрај тоа, Џејмс е првиот кошаркар кој остварил 30.000 поени, 7.000 скокови и 7.000 асистенции. Рекордот го оствари со 33 години и 26 дена.
Прв на вечната листа е Карим Абдул Џабар со 38.887 поени.