Димовски на Твитер: Има ли основни човекови права во Костур?

24 јануари, 2018 | 10:02 часот | 1.904 прикажувања |

Има ли основни културни, идентитетски, јазични и човекови права во ова прекраснио место наречено Костур (од скоро Касторија)?

Вакво прашање на својот официјален Твитер налог постави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Екс координаторот на пратеничката група на најголемата опозоциска партија претходно ги критикуваше и униформите на дел од учесниците на антимакедонскиот протест во Солун, за кои како што рече биле исти како оние на андартските чети од почетокот на XX век, односно четите кои палеле македонски села и ги ликвидирале водачите на ВМРО низ Егејска Македонија.