Финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика пред пратениците

24 јануари, 2018 | 10:16 часот | 457 прикажувања |

Собраниската Комисија за економски прашања денеска на седница треба да го разгледа Предлог финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2018 година.

На седницата членовите треба да расправаат и по Предлог одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење енергетски дејности и годишниот приход на давателите на водни услуги остварен од давање водни услуги, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2018 година