Сообраќајка кај Облешево, тројца повредени

16 ноември, 2017 | 20:25 часот | 390 прикажувања |

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што попладнево во 17.50 часот се случи на магистралниот пат А3 Кочани – Штип, кај село Облешево.

Во сообраќајната несреќа учествувале автобус и патничко возило. Повредените лица се пренесени во Медицинскиот центар Кочани.

Сообраќајот на магистралниот пат А3 Кочани – Штип кај село Облешево се пренасочува.