
Во повеќе градови во Швајцарија во знак на протест против доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Давос се организираа протести под паролата „Трамп не е добредојден“, пренесе Ројтерс.
Трамп би требало во рамки на форумот во Давос да има говор во петок.
Швајцарскиот скијачки центар Давос во следниве три дена е збирно место за илјада најважни и најбогати луѓе во светот, а за нивната безбедност се грижат припадници на полицијата, војската и најелитната безбедносна служба во светот, додека на врвите од планината ќе бидат позиционирани снајперисти. Најважните луѓе на форумот ќе ги обезбедува и нивната полиција.
Околу 5.000 војници го контролираа комплетниот простор околу објектот во кој ќе се одржува форумот.