Груевски на суд за предметот „ТНТ“

24 јануари, 2018 | 9:51 часот | 586 прикажувања |

Закажано е судењето за случајот „ТНТ“ во кој се обвинети поранешните високи функционери, eкс премиерот Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски, кои во случајот се гонат за уривањето на објектот „Космос“ .

Тие денес ќе седнат на иста обвинителна клупа.

Според СЈО во случајот има повреда на слободите и правата и предизвикување имотна штета

Јанева објаснува дека во случајот има злоупотреба на инстиуционалните капацитети од функционери, водејќи се од побуди и мотиви кои се базираат на политичка определба.

Обвинителката Фатиме Фетаи за случајот „ТНТ“, презентираше неколку смс пораки кои откриваат како било договарано уривањето на комплексот „Космос“.