Лидерска средба за името: Иванов, Заев, Ахмети и Мицкоски на иста маса

23 јануари, 2018 | 21:28 часот | 729 прикажувања |

Премиерот Зоран Заев ќе има средба со претседателот, Ѓорѓе Иванов, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ќе разговараат за името, предлогот на медијаторот Метју Нимиц, како и за впечатоците по утрешниот состанок со грчкиот премиер, Алексис Ципрас во Давос.

Аналитичарите и медиумите во Грција, пак, оценуваат дека главен проблем и во двете земји ќе биде да се обезбеди внатрешна политичка поддршка. Според грчките медиуми, на средбата, грчкиот премиер ќе настапи со позицијата на Атина за сложено име со географска или временска одредница за севкупна употреба.

Сега е идеално време да се најде решение за прашањето за името, порача од Солун американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат. Истовремено и бугарскиот амбасадор во Грција Веселин Иванов рече дека спорот со името и европската перспектива на Западен Балкан се дел од високите приоритети на претседавањето на Бугарија со ЕУ.

По протестот во Солун, се најавуваат нови протести во Грција против терминот „Македонија“ во името.