Поројните дождови во Прилеп причина за поплави и дефекти

16 ноември, 2017 | 20:20 часот | 159 прикажувања |

Поради обилните врнежи денеска во Прилеп имаше повеќе дефекти во водоводната и канализациската мрежа со поплавени улици и куќи.

Вечерва жителите на прилепската улица„Кузман Јосифоски Питу“ ќе останат неколку часа без водоснабдување поради пукната цевка,зјави директорот на прилепското ЈКП „Водовод и канализациј“ Емил Јанески кој заедно со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски го посети местото на дефектот каде вечерва работи механизацијата.

– Поради обилните дождови денеска беа поплавени повеќе улици домаќинства, а сливниците во градот не беа во можност да ги апсорбираат обилните врнежи. Поради тоа, ЈКП „Водовод и канализација“мораше да интервенира на повеќе локации низ градот. Пред средното економско училиште „Кузман Јосифоски Питу беа санирани шахтите поради обилните доѓдови кои предизвикаа поплави. Во урбаната заедница „Тризла“, поточно на улицата „Дебарца“ мораше да се направи прокоп на одводните канали. Се санираа и дефектите на улиците „Цане Коњарец“;, „Цар Самоил“, „Савка Миноска“; и „Кеј 9-ти септември“.

Вечерва почна интервенцијата за санирање на штетите предизвикани поради пукање на водоводната цевка.

– Ги информираме граѓаните кои живеат на улицата „Кузман Јосифоски Питу“ дека во текот на ноќните часови ќе останат без водоснабдување неколку часа, рече Јанески.

Јанески упати повик до прилепчани доколку имаат дефекти веднаш да се обратат до ЈКП „Водовод и канализација“.

извор: МИА