Димитров: Најголема патриотска должност на нашата генерација е да го фати возот за ЕУ

23 јануари, 2018 | 12:46 часот | 1.608 прикажувања |

Со високата претставничка и заменик претседател на Европската комисија Федерика Могерини: Најголема патриотска должност на нашата генерација е да се осигураме дека ќе го фатиме возот за ЕУ и да обезбедиме европска иднина, стабилност и просперитет за македонските граѓани.

Ова го напиша на својот Твитер налог, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на фотографијата со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Димитров денеска е во Брисел на средби со претставници од Европската комисија и европратеници на кои ќе разговара за евроинтегративните перспективи на Република Македонија во периодот што претстои.