ОМД обвинува за нов скандал: Фирмата на Нимиц инвестирала во Грција

23 јануари, 2018 | 10:56 часот | 7.323 прикажувања |

Фирмата “General Atlantic” кадешто Метју Нимиц ја извршуваше функцијата главен оперативен директор во 2005 година инвестирала 127 милиони долари во данската банка “Saxo Bank” која има своја банка-подружница во Грција – “Saxo Bank Hellas.”

„Ова е класичен пример на судир на интереси за улогата која Нимиц ја има како медијатор во спорот меѓу Македонија и Грција, и ја доведува во прашање неговата независност и непристрасност. Крајно недозволиво е медијатор да има финансиски и бизнис интереси во една од државите кои се дел од спорот, и притоа да тврди дека е непристрасен“, велат од Обединетата македонска дијаспора во писмено соопштение до медиумите.

Минатата недела и самиот Нимиц призна дека неговата фирма инвестирала во “Saxo Bank”, но тој вели дека „не знаел дека банката има подружница во Грција”.

Од Обединета македонска дијаспора (ОМД) јавно го прашуваат господинот Нимиц:

1. Дали го има пријавено овој судир на интереси во Етичката канцеларија на ОН?

2. Дали тој остварил личен профит од оваа зделка?

3. Дали смета дека бизнис интересите влијаат на неговата работа како медијатор?

Повеќе информации може да се добијат на следните линкови:

http://www.innercitypress.com/unconflicts7nimetz011718.html

http://www.generalatlantic.com/portfolio/saxo-bank/

http://www.generalatlantic.com/people/matthew-nimetz/

https://www.fnlondon.com/amp/articles/general-atlantic-buys-of-denmarks-saxo-bank-20050621

https://thebanks.eu/banks/14684

One comment on “ОМД обвинува за нов скандал: Фирмата на Нимиц инвестирала во Грција

Comments are closed.