Законот за јазиците се враќа во Собрание

23 јануари, 2018 | 10:41 часот | 1.109 прикажувања |

Законот за употреба на јазиците повторно се враќа во Собрание. На вчерашната координација на претседателот на Собранието Талат Џафери со пратеничките групи, било договорено во понеделник, Законот да биде ставен на собраниска седница.

На координацијата не присуствувале пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тие на прес-конференција побараа целосно повлекување на Законот, обвинувајќи дека е неуставен.

За власта, тој е изгласан во демократска, парламентарна процедура. Законот беше донесен на 11 јануари, но претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише и стави вето.