Рочишта за „Транспортер“, „Шпион“ и „Труст“

23 јануари, 2018 | 10:41 часот | 519 прикажувања |

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за случаите „Труст“, „Шпион“ и „Транспортер“, што ги отвори Специјалното јавно обвинителство.

За предметот „Транспортер“ закажани се две рочишта оваа недела, првото денеска и второто во четврток. Главен обвинет е поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, за проневера на 360 илјади евра, општински пари, преку малверзации со школскиот превоз.

Во предметот „Шпион“ меѓу обвинетите 18 лица се и поранешниот полициски генерал Горан Стојков, поранешниот директор на Управата за спречување на пари и корупција Ване Цветанов и поранешниот висок функционер во Управата за контраразузнавање Александар Диневски.

Првоосомничен во „Труст“ е бизнисменот Сеад Кочан, кој заедно со уште неколку обвинети се товарат дека со  фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.