
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,71%. Од полноќ, литар Еуросупер БС- 95 и 98, дизелот и ектралесното масло за домаќинство поскапуваат за денар. Истовремено килограм мазаут поскапува за половина денар.
Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 69,50 ден/лит, малопродажната цена на Еуродизелот изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/лит.
Причина за корекциите се растот на берзанската цена на суровата нафта во изминатите 14 дена за 4,54%,како и понискиот курс на доларот во однос на денарот за 1,44%.