Груевски за Република: Mарионетската влада сака да ја редефинира државата

16 ноември, 2017 | 16:29 часот | 121 прикажувања |

Членството во НАТО е нешто што беше во врвот на нашите приоритети додека бевме на власт, а и сега. За Македонија е многу важно да стане дел од НАТО алијансата и дел од ЕУ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто за Република.

Тој нагласува дека тоа никогаш не било спорно и дека во 2008-мата пред Самитот во Букурешт ги исполниле сите услови за зачленување во НАТО, а една година подоцна и за почеток на преговорите за полноправно членство во Унијата, Сепак,како што објаснува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пречка за реалзиација на овој наш стремеж било нашето име и идентитет.

Лидерот на опозицијата нагласува оти целиот свет знае дека ова е марионетска власт која е донесена а не избрана од народот, со цел да попушти по ова прашање, и да направи целосно редефинирање на земјата, односно ги задоволи сите други, освен сопствениот народ.

Груевски уверува дека поранешната влада сакала да го реши прашањето со компромис, што подразбира позначителни остапки од двете страни и затоа и неуспеале тие напори.

Груевски нагласува дека само народот е тој кој може да ги смени нештата, но дека неодамна на локалните избори, една значајна бројка луѓе беа исплашени, изманипулирани, а стратегијата била нив да не прикажат како нечесни, да измислат афери, да ги прогонуваат, за да се реализира зацртаната цел.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели и дека по завршувањето на локалните избори посветени се на анализа на резултатите и да се утврдат слабостите за во иднина да се корегираат.

извор: Република