ВМРО-ДПМНЕ: Правосудните органи се под притисок на власта

22 јануари, 2018 | 14:01 часот | 470 прикажувања |

Два месеца десетина македонски патриоти, видни актери, уметници, режисери, архитекти, доктори и истакнати граѓани се прогласени за терористи без никаков аргумент. Тие се дел од еден монтиран прогон, во кој им се скратени елементарните права во постапката и без никаков основ се наоѓаат во притвор,  велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, правосудните органи наместо да постапуваат според законот и Уставот, продолжуваат да дејствуваат под страв и ги легитимираат законските кршења и нечовечкото однесување на државните органи.

Прекршувањето на правата во Македонија ќе остане запаметено во светската правна литература како злоупотреба на институциите за партиски цели во 21 век. Власта мора да запре со политичкиот реваншизам и малтретирањето луѓе кои размислуваат поинаку од СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.