Јавна седница за жалбата на пратеничката Пешевска

22 јануари, 2018 | 15:00 часот | 409 прикажувања |

Во скопска Апелација ќе се одржи јавна седница по жалбата на одбраната на пратеничката Жаклина Пешевска за продолжување на домашниот притвор.

Претходната недела, апелациските судии ги отфрлија жалбите на нејзините сопартијци Крсто Мукоски и Јохан Тарчуловски и на пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски.

Заедно со уште 30 лица се обвинети за тероризам и загрозување на уставното уредување на државата.