ФОТО: Македонија го има најдобриот голман на Европското првенство

22 јануари, 2018 | 12:49 часот | 452 прикажувања |

Репрезентацијата на Македонија го претрпе најтешкиот пораз на ова првенство и најтежок за нас во последните години. Нашите момци загубија од репрезентацијата на Шпанија со високи 31:20.

Сепак, по овој натпревар Македонија го доби моментално најдобриот голман на шампионатот. Имено, Никола Митревски кој денес собра 14 интервенции се наоѓа на врвот по бројот на успешни интервенции.

Митревски во овој момент има 47% успешни интервенции и од вкупно упатени 66 удари кон неговиот гол тој одбранил дури 28.

Првиот чувар на мрежата, Борко Ристовски во досегашниот тек од првенството брани со успешност од 27%, односно од 95 удари кон неговиот гол одбранил 28 пати.