Одложено судењето за дедото на Тамара кој пукаше во Тодоров

22 јануари, 2018 | 10:35 часот | 469 прикажувања |

Судењето за Ључо Стојановски, дедото на Тамара, кој во јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се одложи.

Апелација ја прифати жалба на обвинителството, откако претходно Судскиот совет го отфрли вештачењето на обвинетиот по барање на неговата адвокатка, која реагираше дека лиценците на вештаците се истечени.

Судот сега мора да провери во Министерство за правда дали се валидни лиценците.

Адвокатката на Стојановски, во изјава за медиумите, посочи дека во случајот како сведок ќе биде предложена и мајката на починатата Тамара Димовска, која денеска беше присутна во судот.

Во судот, исто така беше и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.