Заев-Бутарис: Ако пронајдеме решение за името, ќе излеземе како победници

16 ноември, 2017 | 16:26 часот | 132 прикажувања |

Зближување на граѓаните од Македонија и од Грција преку поголема соработка во економијата, туризмот и заеднички проекти, финансирани од европските фондови ќе придонесе за зголемување на довербата меѓу двете земји- оценка на премиерот Зоран Заев и солунскиот градоначалник Јанис Бутарис на средбата во Скопје. Велат дека со подобрувањето на меѓусоседските односи ќе овозможи побрзо решавање на спорот со името.

„Политичарите од двете земји имаат обврска да ги отворат перспективите на граѓаните, заедно заклучивме дека политичарите можат да излезат како победници, ако пронајдат решение на овој долгогодишен проблем“, изјави премиерот Зоран Заев.

„Веруваме дека ваквиот пристап ќе овозможи да се срушат сите граници кои постоеле досега“, изјави солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис.

Македонскиот премиер изрази жалење за загубените животи во поплавите во Грција. Бутарис го поканил Заев на прослава на Новата година во Солун.

„Ќе се залагам за тоа, следниот состанок на премиерите на двете држави да се случи во Солун“, рече Бутарис.

„Иницијативата која ја отвори градоначалникот да ја дочекаме заедно Нова година, јас секако ќе размислам за оваа понуда, па можеби таму да ја дочекаме Новата година, заедно и со премиерот на Грција, Алексис Ципрас“, рече Заев.