Макрон најави специјален договор на Велика Британија со Европската Унија

21 јануари, 2018 | 20:51 часот | 483 прикажувања |

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Велика Британија би можела да постигне посебен трговски договор со Европска унија по Брегзит.

Макрон во интервју за Би-Би-Си, што ќе биде објавено утре, предупредува дека Велика Британија дека нема да има целосен пристап кон поединечни пазари без прифаќање на нивните правила.

„Велика Британија би можела да има подлабоки односи со ЕУ, како Норвешка, но се исклучи од целосниот пристап до пазарот кога одлучи да замине“, посочи Макрон пред неговата прва официјална посета на Лондон.