50.000 присутни на антимакедонски протест во Солун, запалено македонското знаме

21 јануари, 2018 | 16:49 часот | 1.638 прикажувања |

Во центарот на Солун денеска се собраа неколку десетици илјади грчки граѓани кои протестираа правото нашата држава да се именува Македонија.

Присутните „на протестот за одбрана на името“, носеа грчки знамиња и знамиња со сонцето од Кутлеш, со слогани дека Македонија е грчка и со плакати со пораки „Македонија била е и ќе биде грчка“, „Тргнете ги рацете од Македонија“, „Името е нашата душа“ и слично.

Главното барање на протестот беше да не се користи терминот „Македонија“ во евентуалниот договор за ново име на нашата земја.

На една фотографија објавена од грчкиот портал thesival.og се гледа дека еден од присутните го пали македонското знаме.

Според информациите на грчките медиуми на денешниот протесто во Солун присуствувале околу 50.000 грчки граѓани.