Од казино во Струга украдени 10 илјади евра

21 јануари, 2018 | 16:37 часот | 530 прикажувања |

Маскирано лице околу 5:40 часот утринава ограбило казино лоцирано во центарот на Струга.

„Непознато маскирано лице со закана со пиштол од вработените одзело околу 600.000 денари, по што го напуштило местотото на настанот“, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.