Кекеновски: Димитров да научи да прави разлика меѓу регион и држава

21 јануари, 2018 | 16:34 часот | 3.247 прикажувања |

Димитров: ,,Не може Македонија да биде само грчка, бидејќи не е, и не може Македонија да биде само наша, бидејќи не е, географскиот регион е голем и има три држави”.

Слушај Димитров:
1). Република Македонија се однесува на правно и политички дефинирана територија, која е различна од регионот Македонија кој не е меѓународнo правен субејкт;
2). Република Македонија е име на меѓународнo правен субјект со јасно дефинирана територија и граници;
3). Во 1992 година Република Македонија аплицирала за членство во ООН како држава со јасно дефинирана територија;
4). Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција) туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.

(фејсбук статус на Јове Кекеновски)