Ед Ширан ја запроси девојката од средношколските денови

21 јануари, 2018 | 10:44 часот | 514 прикажувања |

Светски популарниот музичар Ед Ширан преку Инстаграм им соопшти на обожавателите дека ја запросил девојката Шери Сиборн и дека се многу „среќни и заљубени“.

Двајцата се запознале во средношколските денови, но почнале да се забавуваат дури во 2015 година, а речиси цела 2016 година ја поминаа во патување додека тој правеше пауза од музиката.

Ед ја побарал за жена Шери пред Нова година, но вчера веста ја сподели со своите фанови.